Природниот гас поевтини за 6,23 денари

Bez autora
Jan 16 2013

За 6,23 денари скопската компанијата "Макпетрол" ја намали цената на природниот гас. Новата цена изнесува 30,03 денари за нормален кубен метар гас, што споредено со минатиот месец претставува намалување за 17,18%. Како што информираат од нафтената компанија, причина за намалувањето е пониската набавна цена на гасот за првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал од минатата година за 14,3%, односно цената од 579 долари за 1.000 кубни метри се намалува на 496 долари. Македонските компании кои што за своето производство користат природен гас се задоволни од пониските цени, оти тоа значително ќе им ги намали нивните трошоци, а ќе ја зголеми конкурентноста на пазарот, што е особено значајно кога е криза. Корекција на цената на топлинската енергија очекуваат и корисниците на парно, бидејќи гасот како енергенс учествува во производството.

Природниот гас поевтини за 6,23 денариЗа 6,23 денари скопската компанијата "Макпетрол" ја намали цената на природниот гас. Новата цена изнесува 30,03 денари за нормален кубен метар гас, што споредено со минатиот месец претставува намалување за 17,18%.

Како што информираат од нафтената компанија, причина за намалувањето е пониската набавна цена на гасот за првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал од минатата година за 14,3%, односно цената од 579 долари за 1.000 кубни метри се намалува на 496 долари.

Македонските компании кои што за своето производство користат природен гас се задоволни од пониските цени, оти тоа значително ќе им ги намали нивните трошоци, а ќе ја зголеми конкурентноста на пазарот, што е особено значајно кога е криза. Корекција на цената на топлинската енергија очекуваат и корисниците на парно, бидејќи гасот како енергенс учествува во производството.

Како што деновиве анализираше агенцијата "Фич Рејтингс", намалувањето на цената на рускиот гас се должи на економската криза која ја држи побарувачката во Европа на ниско ниво. Рускиот гигант Газпром" стравува дека потрошувачката годинава уште повеќе ќе опаѓа затоа и врши намалување на цената, бидејќи 76% од приходите на компанијата се од продажбата на енергенсот надвор од Руската Федерација. Според Руското министерство за енергетика, вкупното производство на природен гас во земјата паднало за 2,2% во 2012 година до нивото од 655 милијарди кубни метри гас, додека производството на овој енергенс од Газпром" паднало 5,1% до нивото од 482 милијарди кубни метри.

Македонија е втор најмал муштерија на Газпромм во Европа, а земјава во 2011 година увезе само 130 милиони кубни метри. Како за споредба, Бугарија за нејзини потреби користи 2,5 до 3 милијарди кубни метри гас годишно. "Газпром" во својата стратегија предвидува да продава 2 милијарди кубни метри гас годишно во Македонија во 2020 година, а оваа бројка ќе стане реална оти Македонија ќе се приклучи кон новиот гасовод "Јужен тек".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik